Дебар, април 2024 година – Во рамките на отворањето на студиската платформа преставена од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје за учебната 2024/2025 година, предавачите имаа можност да ги посетат матурантите од средното училиште „28 Ноември“ во Дебар.

Работната група координирана од вон. проф. д-р Неритан Туркеши во состав на: Гента Спахиу Мирзо, Мира Казиовска, Дритон Зендели и Донка Казиовска, ги информираа матурантите дека УМТ се сотои од осум факултети и тоа: Факултет за градежништво и архитектура, Факултет за технички науки, Факултет за информатички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за социјални науки, Правен Факултет, Факултет за хуманистички науки како и Економски факултет, притоа работејќи во согласност со највисоките меѓународни стандарди, истакнувајќи го квалитетот и важноста на нивната подготовка за соочување со пазарот на трудот и глобалните предизвици.

На оваа презентација пред матурантите елаборираа и двајца актуелни студенти од УМТ и тоа Јета Ќормемети, која студира на насоката Царина, Шпедиција и Осигурување и Аурел Кобеци, кој студира на насоката Електроенергетски системи, тие ги споделија своите искуства пред сите присутни матуранти, ги наведоа условите за студирање, различните капацитети и лаборатории со кои располага Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и пред теоретскиот дел на универзитетскиот кампус, студентите се должни од прва година да поминат низ различни институции за да се здобијат со интегрирана пракса која ги прави сите понапредни во текот на нивните четиригодишни студии.

Се потенцираше фактот дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е акредитиран за следење на образованието на три јазици, и тоа албански, македонски и англиски, а во моментов располага и со студии од прв и втор циклус.

By