Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е водечка институција на проектот за одржлива биоклиматска ревитализација на напуштени простории SBRAUS – (Sustainable Bioclimatic Revitalization of Abandoned Spaces) кој се реализира со поддршка од програмата Еразмус+ во партнерство со неколку реномирани европски факултети во областа на архитектурата како: IUAV (Венеција, Италија), Универзитетот во Марибор (Словенија), Hochschule Anhalt (Десау, Германија) и Универзитетот во Тесалија од Волос, Грција).

Во рамките на овој проект во периодот од 3 до 6 април, претставници од овие универзитети и претставници на УМТ ја реализираа првата обука во просториите на IUAV (Венеција) каде што разговараа за урбаните лабораториски истражувања за животната средина и борбата против климатските промени.

На оваа средба и претходеше првата информативна средба (Kick Off) која се одржа во јануари истата година во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Проектот SBRAUS го координира проф. д-р Радмила Томовска, асс.м-р. Аделина Фејза и асс.м-р. Фјола Пустина од Факултетот за градежништво и архитектура, како и Илир Идризи и Арта Аџиу Адеми од Секторот за меѓународни односи при УМТ.

By