Струга, април 2024 година – Во рамките на презентациската кампања на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, дел од кадарот на универзитетот ги посети средните училишта во Струга за да ги информираат матурантите за студиските програми кои ги нуди универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Матурантите од двете средни училишта во Струга, С.О.У. „Др. Ибрахим Темо“ и С.О.У „Нико Нестор“ беа информирани за системот на функционирање на УМТ, условите за студирање и бројните студиски програми кои се дефицитарни и преку кои се овозможува побрзо вработување во дејности кои се најплатени во денешното време.

Факултетите и студиските програми ги презентираше проф.д-р Хава Реџепи, проф.д-р Арбреш Равени, проф.д-р Блерта Кондри, проф.м-р. Генти Речи, проф.м-р. Валмир Далипи, проф.д-р Едона Винца со техничка помош од Бујамин Муча и Јетмир Усејни.

При презентацијата на универзитетот беа истакнати предностите што ги нуди нашата академска институција, како што се студиските програми кои се дефицитарни на современиот пазар на трудот и кои се фокусирани на практичната работа, како и соработките со европските универзитети во рамки на програмите Еразмус плус и CEEPUS. Исто така, се разговараше и за современите услови на студирање, што го опфаќа модерниот кампус во главниот град.

По презентациите следеше неформален разговор со матурантите на кои им беа понудени академски и практични совети за академскиот пат за кој се подготвуваат.

By