Житоше, 12.04.2024 – Кампањата за промовирање на студиските програми и условите за запишување на УМТ се престави и пред матурантите од гимназијата „Rilindja“ која ги опфаќа основните училишта од прилепскиот и крушевскиот регион. Одговорен за промотивниот тим за пелагонискиот регион беше проф. д-р Мустафа Ибрахими беше пречекан од директорот на гимназијата Валмир Шаќири и наставникот Мираим Бајрами кои истакнаа дека во гимназијата посетуваат настава 290 ученици, од кои 57 матуранти, додека за наставата се грижат 37 професори и 10 административци. Во склоп на гимназијата има и библиотека со двајца библиотекари со богата збирка на книги.
Во однос на понудата на студиските програми, проф. д-р Мустафа Ибрахими, кој детално ги презентираше сите насоки на осумте студиски факултети кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа матурантите беа информирани за вкупниот број на студенти, како и студентите од оваа година кои студираат на УМТ. Проф. Ибрахими истакна дека секоја година се зголемува бројот на студенти, денес на УМТ студираат околу 5.000 студенти, меѓу кои значителен број имја и од Пелагонија.
Зборувајќи за условите за студирање, проф. д-р Ибрахими истакна дека покрај бројните студиски програми, УМТ нуди и современи услови за одржување на предавањата, модерна библиотека и простор за паркирање и зеленило кои овозможуваат услови за академски и интелектуален развој на секој студент кој ќе се запише на УМТ. Тој нагласи дека на УМТ се применуваат најновите методи за студирање, се стимулира истражувачкиот процес, да биде во чекор со општествените промени и потребите на пазарот на трудот.
Матурантите внимателно ги следеа презентациите, покажувајќи интерес за некои студиски програми. На крајот, некои од матурантите поставуваа прашања за условите, програмите и други прашања кои ги интересираа, добивајќи соодветни одговори и споделуваа флаери со детални информации за студиските програми.