Скопје, 28.05.2024 Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири заедно со проректорот за наука и истражување проф. д-р Беким Фетаји на работна средба го пречекаа директорот на Фондацијата „АЛБИЗ“ Бесир Дерњани и претседателот на здружението за менаџментски консултанции Глигор Михаиловски.
Ректорот Зеќири најпрвин го информираше директорот Дерњани и претседателот Михаиловски за напредокот на УМТ, како и предизвиците на програмските студии, така и во инфраструктурното прашање што се протега на нашиот универзитет.
Директорот на Фондацијата АЛБИЗ Бесир Дерњани и претседателот на здружението за менаџмент консултантски услуги Глигор Михаиловски изразија висок интерес за соработка во заеднички проекти за мобилизирање на средствата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со приватни компании.
Денес, општествената одговорност на бизнис секторот преку инвестирање во образовни проекти, инфраструктура и други социјални иницијативи, бизнис секторот има огромно позитивно влијание, негувајќи средина каде економскиот развој и општествената одговорност одат рака под рака.