Охрид, јули 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р  Изет Зеќири и проректорот за финансии и инвестиции доц. д-р Бујамин Бела учествува на деветтото издание на Охридската летна школа, која секоја година обединува професори и академици од Северна Македонија и регионот.

Темата за оваа година избрана од страна на организаторот, Академијата на науките и уметностите на Северна Македонија, беше „Зајакнување на националната отпорност кон корупцијата: транспарентност, отчетност и одговорност“, додека ректорот Зеќири се претстави на тема „Псевдо-лидерството и корупцијата“.

Овогодинешниот собир на Охридската школа на природното право се одржува во Научно-уметничкиот центар „Уранија“ во Охрид.

Охридската школа на природното право е постојана едукативна иницијатива на Центарот за општествени студии, при МАНУ, чија основна цел е подигање на постдипломци и докторанти од областа на општествените науки, особено правните, политичките и економските.

By