Скопје, 04.11.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно го организира II Конгрес во чии рамки се одржува 8-та меѓународна конференција за одржлив развој “TSD 2024”.
Овој важен академски и научен настан собра истражувачи, експерти и професионалци од различни области со цел споделување на знаења и искуства за подобрување и промовирање на практиките за одржлив развој во регионот и пошироко.
Конференцијата ja отвори проректорот за наука и истражување на УМТ, воедно и генерален претседавач на организацијата на Конгресот и конференцијата TSD 2024, проф. д-р Беким Фетаји, кој го презентираше развојот и значењето на Конгресот. Говор зазеде ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири, австрискиот амбасадор, Н.Е. г-дин Мартин Памер, советник на премиерот на Северна Македонија, г-дин. Јоханес Хајдекер, меѓународниот рецензент за акредитација на студиски програми, проф. д-р Ендрју Гудспид, – раководителот на Институт за технологија RIT Global од програмата CIT | проф. д-р Дебабрата Саманта и раководителот на (CEO) i Head Man & Mountain Inc, од Австрија, г-дин. Ханес Жекл пред голем број претставници на институции, научни истражувачи од земјата и странство.
Ректорот Зеќири на II Конгрес и на 8-та Меѓународна конференција за одржлив развој “TSD 2024” ја истакна поддршката и посветеноста на универзитетот во промоцијата на одржливиот развој, кој меѓу другото рече дека: „Конференцијата “TSD 2024” служи како мост кој го поврзува академското знаење со реалните практики и помага да се споделат искуства и идеи кои можат да инспирираат промени. Убеден сум дека нашите сесии ќе бидат извор на плодни дискусии и нови идеи кои ќе придонесат за подобрување на нашите стратегии за одржливост“. – изјави ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири.
Вториот конгрес и 8-та конференција „TSD 2024“ имаат главна цел да придонесат за унапредување на одржливоста во општеството преку споделување на знаења, идеи и добри практики. Понатаму, има за цел да ја подигне свеста за глобалните предизвици кои влијаат на животната средина, економијата и социјалните аспекти на развојот.
Во ова издание, 8-та конференција „TSD 2024“ вклучува учесници од над 20 различни земји, вклучително и престижни универзитети од Европа, Азија, Соединетите Американски Држави и пошироко. Оваа разновидност придонесува за дискусија богата со различни перспективи и меѓународни практики, зајакнување на глобалната соработка и академска размена.