Скопје, 16.12.2024 година – Под покровителство на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, успешно беше организирана трибина со првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија, г-дин. Изет Меџити, на тема: „Студентските и универзитетските прашања“.

Панелот го отвори претседателот на Универзитетското студентско собрание, Омер Хебиби, кој истакна: „Студентските вредности и идеи треба да се ориентираат кон отворен дијалог со одговорните институции, со намера да се постигнат целите и да се решат потребите на студентите“.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, како домаќин на овој храм на знаење, им се заблагодари на присутните за учеството, особено на студентите кои го организираа овој панел, охрабрувајќи ги активно да се вклучат и да ги решат сите грижи и проблеми со кои се соочуваат.

Во своето воведно излагање, првиот вицепремиер на Владата, г-дин Изет Меџити истакна:

„Вашата улога како студенти ја надминува аудиториумот и испитите. Вие сте важни партнери во градењето на подобро општество. Студентите отсекогаш ја претставувале авангардата на големите општествени промени, како предвесници на револуциите и промените. Затоа гласот на студентите треба да се слуша и почитува“.

Г-дин Меџити сподели информации за владините мерки, вклучувајќи: ваучери од 250 евра за набавка на електронска опрема како телефони, компјутери или таблети за секој студент, поддршка од 10 милиони евра за млади до 29 години, наменети за започнување на нови бизниси. Секој бизнис може да има придобивка со финансирање до 30.000 евра, капитална инвестиција од 35 милиони евра за изградба на Универзитетскиот кампус на УМТ.

Модератор на оваа панел дискусија беше Јета Ќормемети, студент на Факултетот за технички науки, насока Царина, шпедиција и осигурување.

По завршувањето со воведните говори следуваше интерактивна дебата која предизвика голем интерес кај присутните, создавајќи корисна дебата за размена на идеи и предлози.

By