Скопје, 24.12.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел зајакнување и поддршка на билатералната соработка меѓу двете институции.

Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири и министерот за Социјална политика, демографија и млади, г-дин Фатмир Лимани.

На оваа средба, ректорот Зеќири, придружуван од проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Саити, и генералниот секретар на УМТ, ѓ-ца. Мукадес Хајдари, го информираа министерот г-дин Фатмир Лимани за случувањата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и за можните форми на соработка во иднина, кои денеска станаа конкретни со потпишувањето на Меморандумот за соработка.

Министерот Лимани му се заблагодари на ректорот Зеќири за гостопримството и изрази желба соработката меѓу двете институции уште повеќе да се продлабочи.

Овој меморандум има за цел да ја промовира меѓусебната соработка преку размена на научни, стручни и практични мислења од областа на социјалната политика, демографијата и младите. Се води од потребата да се унапреди квалитетот на образованието, обука на кадрите и да се задоволат заедничките интереси на двете институции, почитувајќи ги актите кои ги регулираат надлежностите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Соработката има за цел да се реализира преку размена на научни и стручни искуства и знаења, давање стручни мислења за социјалната политика на сите нивоа, поддршка и организација на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници и летни школи, остварувањето на други форми на соработка кои ќе ги определат двете институции.

Овој меморандум претставува важен чекор кон развојот на институционалната соработка и подобрување на квалитетот на социјалните, демографските и младинските политики во земјата.

By