Приштина, февруари 2025 година – Факултет за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, претставен од деканот проф. д-р Мустафа Ибрахими и Албанолошкиот Институт од Приштина претставен од г-дин Наим Бериша потпишаа меморандум за соработка со цел зајакнување на комуникацијата и соработката во научно-академската истражувачка област.
Придобивките содржани во Меморандумот за соработка меѓу Факултетот за хуманистички науки при УМТ и Албанолошкиот институт од Приштина, покрај зајакнувањето на комуникацијата и соработката во научно-истражувачката област, имаат за цел да организираат и реализираат конференции, симпозиуми, научни тркалезни маси, предавања, дебати, истражувачки и научни проекти организирани од страна на овие институции промоција и објавување книги, организирање на предавања, размена и користење на библиотеки, вклучувајќи ги комисиите за рецензија за објавување на книги, соработка и за други прашања поврзани со научно-академското истражување.
На потпишувањето присуствуваше и одговорниот од Катедрата за германски јазик, проф. д-р Изер Максути, како и научните работници од Институтот, Сејди Гаши и Абдурахим Маџуни.
На средбата беше истакнато дека координацијата и соработката меѓу Факултетот за хуманистички науки и Албанолошкиот институт од Приштина се од суштинско значење за заштита на стандардизираниот албански јазик, следење и планирање на јазичната политика како важна алатка за зачувување на стандардниот јазик и националниот идентитет.