На 26.03.2025 – Факултетот за градежништво и архитектура при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираше промоција на резултатите од проектот “Sustainable Bio-Climatic Revitalization of Abandoned Urban Spaces” (SBRAUS). Овој проект има за цел да ги трансформира напуштените урбани простори преку имплементација на биоклиматски и одржливи принципи, со фокус на скопскиот Аквадукт како избрана локација. За време на настанот беа презентирани две научни публикации, студентските проекти реализирани во текот на летната школа и документарно видео каде се отсликува напредокот и резултатите од активноста.

🌐 Овој меѓународен проект е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус+ за високо образование) и претставува една успешна соработка со некои од најреномираните европски факултети од областа на архитектурата и урбанизмот: IUAV (Венеција, Италија), Универзитетот во Марибор (Словенија), Hochschule Anhalt, The University of Greece (Design).

Организатори на овој амбициозен проект од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се: проф. д-р Радмила Томовска, м-р. Аделина Фејза и м-р. Фјола Пустина од Факултетот за градежништво и архитектура, заедно со Илир Идризи и Арта Аџиу Адеми од Секторот за меѓународни односи при УМТ.

На оваа промоција за достигнувањата на проектот, говор одржаа идниот ректор, воедно и актуелен проректор за наука и истражување на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, како и деканот на Факултетот за градежништво и архитектура, проф. д-р Зекирија Идризи, кои го истакнаа значењето на овој проект за одржлив урбан развој и ревитализација на напуштените простори.

Проф. д-р Беким Фетаји истакна дека проектот SBRAUS претставува важен чекор кон примена на иновативни биоклиматски методи, придонесувајќи за создавање на функционални, еколошки и одржливи простори. Тој подвлече дека меѓународната соработка во рамките на Еразмус+ одигра клучна улога во успехот на овој проект и ќе продолжи да отвора нови можности за слични истражувања и проекти во иднина.

Од друга страна, проф. д-р Зекирија Идризи, ценејќи го сработеното во текот на овој проект, истакна дека интегрирањето на современите пристапи во архитектурата и градежништвото е од суштинско значење за одржливиот урбан развој. Тој изрази благодарност за посветеноста на академскиот кадар и студентите, како и за успешната соработка со меѓународните партнери.

Преку оваа успешна соработка и добиената меѓународна експертиза, користејќи ги најдобрите европски практики во предходно споменатата област, ние како институција имаме за цел да придонесеме одржлив урбан дискурс преку биоклиматска ревитализација на градовите, каде што квалитативните јавни простори ќе бидат од суштинско значење!

By