Скопје, 16.04.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска официјално ја започна кампањата за промоција на академската понуда за новата академска 2025/2026 година, со посета на средните училишта низ територијата на Република Северна Македонија. Првата активност се одржа во Училишниот образовен центар „Боро Петрушевски“ во Скопје, каде матурантите беа пречекани од претставници на универзитетот.

Ова средно училиште, кое нуди технички профили од различни области, беше домаќин на делегацијата на УМТ, која ги претстави сите осум академски единици на Универзитетот, со посебен акцент на техничките програми на Факултетот за технички науки, при што предизвика голем интерес кај учениците.

Делегацијата на УМТ ја предводеше деканот на Факултетот за технички науки, вонр. проф. д-р Неритан Туркеши, додека на промоцијата учествуваа и педагозите: Зоран Гацовски, Уриме Демири Шаипи, Оливера Петровска, Албина Муча, Зоран Трифунов, Муса Фејзулов, Моника Лутовска, Даниел Павловски и Јани Христовски. Во присуство на матурантите и претставници на околу 40 претпријатија и институции кои соработуваат, беше истакната важноста од поврзување на високото образование со пазарот на трудот и професионалниот развој на младите.

Во знак на благодарност и зајакнување на меѓусебната соработка, заменик директорот на училиштето, д-р Зекирија Зекири, додели Благодарница на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By