Скопје, април 2025 година – Во рамките на промотивната кампања во средните училишта, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја одржа следната информативна средба во гимназијата „Сарај“ во Скопје, каде на матурантите им беа претставени студиските програми и можностите за академската 2025/2026 година.

Промотивниот тим на УМТ, составен од Бујамин Бела, Букурие Имери Јусуфи, Мустафа Ибрахими, Дитурије Исмаили, Неритан Туркеши, Хава Реџеп, Бедри Ѓуреци, Мајлинда Аџиу, Аргетим Салиу, Уриме Демири Шаипи, Агон Саити, ги презентираше осумте факултети во рамките на универзитетот, како и предностите што ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe на мајчин јазик.

На средбата се разговараше и за условите за запишување, можностите за стипендии, вклучувањето во програмата Еразмус+ и професионалните пракси кои се составен дел од многу програми.

Матурантите од СУГС Сарај покажаа голем интерес за техничките, научните и хуманистичките области што ги нуди универзитетот, и разговараа со тимот на УМТ за нивниот понатамошен академски пат.

Универзитетот „Мајка Тереза“ им се заблагодарува на раководителите и наставниот кадар на СУГС„Сарај“ за гостопримството и соработката, со надеж дека голем број од матурантите на ова училиште ќе се приклучат на академската заедница на УМТ во следната академска година.

By