Скопје, мај 2025 година – Студентите од Правниот факултет од студиската програма „Криминалистика“ и студенти од Економскиот факултет од студиската програма „Царина, шпедиција и осигурување“ при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, под раководство на професорот, проф. д-р. Насер Етеми, остварија студиска посета на Единицата за службени кучиња, која функционира во рамките на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Целта на посетата беше зајакнување на теоретските знаења преку практично искуство, овозможувајќи им на студентите можност одблизу да се запознаат со професионалните процедури за обука на кучињата кои служат во безбедносните и царинските институции.

За време на посетата, претставници на Единицата спроведоа практична демонстрација за способностите на кучињата за идентификување на наркотични супстанции, експлозиви, непријавени пари и други забранети предмети. Ова беше уникатно искуство за студентите, кое овозможи целосно разбирање за важноста на соработката помеѓу технологијата, обуката и кучешкиот инстинкт во истрагата и спречување на кривични дела.

УМТ им се заблагодари на Единицата за службени кучиња за нивното гостопримство и професионалната подготовка за оваа посета, што значително ја збогати академската и практичната подготовка на нашите студенти.

By