Скопје, 19.05.2025 – Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја пречека претставничката од Одделот за човечки ресурси и регрутирање на ИТ компанијата ,,LinkPlus‘‘, г-ѓа Зимрие Идризи. За време на посетата, студентите имаа можност од прва рака да се запознаат со можностите за пракса и отворените работни места во оваа добро позната компанија за информатичка технологија.

Средбата се фокусираше на процесот на регрутирање, вештините и компетенциите потребни на пазарот на трудот, како и патот за професионален развој во ИТ индустријата. Студентите добија практични и вредни совети за градење на успешна кариера.

Претставничката на компанијата беше пречекана од деканот на Факултетот за информатички науки, доц. д-р Мајлинда Аџиу, заедно со други членови на академскиот кадар. На состанокот се нагласи важноста од тесна соработка меѓу универзитетите и индустријата во подготовка на млади професионалци.

By