Анкара/Скопје, 05.11.2026 година – За време на официјалната посета на Анкара, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот за финансии, вон. проф. д-р Бујамин Бела, имаа чест да го потпишат Меморандумот за соработка со Универзитетот Анкара Јилдирим Бејазит (Ankara Yıldırım Beyazıt Üniversitesi).

Оваа соработка ќе отвори нови можности за размена на академскиот и административниот кадар, споделување искуства и најдобри практики, соработка во областа на иновациите и технолошките паркови, организирање меѓународни конференции и симпозиуми, како и заедничко учество во научноистражувачки проекти преку програмите Еразмус+ и Хоризонт Европа.

„Верувам дека оваа соработка меѓу нашите универзитети ќе создаде конкретни можности за развој, интернационализација и реализација на заеднички проекти во иднина. Академската соработка не познава граници, туку гради цврсти мостови меѓу луѓето, идеите и институциите“, изјави ректорот Фетаји.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува посветено да ја проширува мрежата на меѓународни партнерства, во интерес на студентите и академскиот кадар.

By