Скопје, април 2026 година – Во својот работен кабинет, ректорот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, имаше задоволство да го пречека германскиот истражувач и експерт, г. Дирк Шатшнајдер, во рамки на една запознавателна посета посветена на можностите за идната меѓуинституционална соработка

На оваа средба, ректорот Фетаји, придружуван од проф. д-р Изер Максути од студиската програма Германски јазик и книжевност при Факултетот за хуманистички науки, како и од г. Арнулфо Аседо, лектор на американската фондација Фулбрајт, во програмата за Англиски јазик и книжевност на УМТ.

За време на средбата се разви отворен и пријателски разговор за можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, вклучувајќи академски размени, развој на заеднички проекти и други иницијативи во областа на образованието и научното истражување. Страните ја нагласија важноста на интернационализацијата на универзитетите и создавањето одржливи мостови на соработка на меѓународно ниво. Оваа средба послужи како добра можност за меѓусебно запознавање и размена на академски искуства.

На крајот од посетата, г. Шатшнајдер изрази задоволство од гостопримството и од одржаните разговори, изразувајќи подготвеност при некој иден престој во нашата земја да одржи тематско предавање за студентите и академскиот кадар на УМТ.

By