На 6 јуни 2026 година, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во Битола беше домаќин и ја пречека делегацијата од Универзитетот во Јанина (Грција), во рамките на меѓууниверзитетска средба посветена на развојот на академската и научната соработка меѓу двете институции.
Средбата се одржа во „Музејот на албанската азбука“ во Битола, место со особено историско и културно значење за Албанците и за регионот.
Делегацијата на УМТ во состав на проректорот за настава, проф. д-р Фати Исени, деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибраими, како и проф. д-р Изер Максути, професор на Катедрата за германски јазик и книжевност при УМТ. Универзитетот во Јанина беше претставен од проф. д-р Јоанис Зелепос, проф. д-р Јоргос Јакопулос и проф. д-р Ана Махираки, експерти од областа на современата историја.
За време на средбата беа разгледани можностите за соработка во рамките на програмата Erasmus+, размена на студенти и академски кадар, организирање научни конференции, летни школи и заеднички истражувачки проекти.
Учесниците проценија дека оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓууниверзитетската соработка и градење долгорочно партнерство меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Јанина.
По официјалниот дел, делегациите ги продолжија разговорите во пријателска и конструктивна атмосфера, изразувајќи подготвеност за конкретизирање на заедничките иницијативи и нивна реализација во иднина.
