Скопје, 07.04.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес одбележа значаен момент во својата издавачка и научно-истражувачка дејност, организирајќи успешна промоција на најновата книга на ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, со наслов: „Науките за податоци и машинското учење со програмирање во Python“.

На оваа промоција присуствува академици, студенти и претставници на државни институции, претворајќи се во платформа за дискусија за иднината на технологијата и итната потреба од стручна литература на албански јазик во областа на вештачката интелигенција.

На отворањето на настанот, авторот проф. д-р Беким Фетаји нагласи дека оваа книга е резултат на седумгодишна работа од истата предметна област во магистерските студии при Факултетот за информатички науки при УМТ.

Оваа книга има за цел да стави крај на недостатокот на технолошката литература на албански јазик. Тој истакна дека, покрај кодирањето, целта на делото е развивање на вештини за донесување одлуки базирани на податоци, претворајќи го студентот од обичен корисник во активен истражувач.

Во својство на рецензент, проф. д-р Иван Чорбев, поранешен декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, оцени дека книгата претставува стратешки придонес, градејќи мост помеѓу статистиката, математиката и вештачката интелигенција. Тој нагласи дека употребата на Python како централна платформа и обработката на современи библиотеки ја прават оваа книга нов стандард во универзитетската литература.

Во истата насока, проф. д-р Александар Димовски се фокусираше на техничката комплексност на книгата, издвојувајќи ја јасноста со која авторот ги обработува напредните алгоритми, како што се невронските мрежи (CNN, RNN), правејќи ја теоријата на вештачката интелигенција применлива за студентите.

Од друга страна, деканката на Факултетот за информатички науки, доц. д-р Мајлинда Аџиу, во име на факултетот изрази најискрени честитки до проф. д-р Беким Фетаји, кој во рок од неколку месеци ја збогати нашата академска литература со три нови наслови, покажувајќи редок визионерски пристап и продуктивност во служба на науката. Водејќи се од принципот дека книгите што недостасуваат треба самите да ги напишеме, професорот го создаде делото „Науката за податоци и машинското учење со Python“, неопходен водич што директно одговара на предизвиците на дигиталната трансформација и итната потреба од квалитетна литература на албански јазик. Оваа книга, преку логична структура која ги

поврзува основите на Python со напредните алгоритми на вештачката интелигенција, служи како силен мост помеѓу универзитетската теорија и барањата на современата индустрија, нудејќи им на студентите соодветни алатки за да бидат конкурентни на глобалниот пазар.

Настанот беше модериран со висок професионализам од доц. д-р Арта Џелили, која го водеше академскиот панел низ научни дискусии за значењето на ова дело за високото образование во земјата.

Промоцијата на ова дело претставува значаен чекор во збогатувањето на албанската научна библиотека, позиционирајќи го Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје како клучен партнер во подготовката на стручни кадри за предизвиците на дигиталната економија и науката за податоци.

By