Скопје, април 2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје одржа информативна сесија со матурантите од С.М.У.Г.С. „Панче Караѓозов“, при што беше претставена академската понуда за учебната 2026/2027 година.

Академскиот тим, составен од професорите Гента Спахиу Мирзо, Суат Ибиши и Аријан Ганији, ги информираа учениците за осумте академски единици на универзитетот. За време на презентацијата, посебен фокус беше ставен на студиските програми поврзани со пазарот на трудот, реализацијата на практична настава во современи лаборатории, како и поттикнувањето на научно-истражувачката работа преку ресурсите на универзитетската библиотека. Воедно, матурантите беа запознаени со бројните можности кои ги нуди УМТ како значаен центар за високо образование во главниот град.

Матурантите покажаа голем интерес за условите за запишување и студентскиот живот, развивајќи активна дискусија со нашите претставници. УМТ упати благодарност до персоналот на училиштето „Панче Караѓозов“ за одличната соработка во насочувањето на новите генерации.

By