Скопје, 22.10.2026 – Денес, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа мотивациско и информативно предавање за значењето на доброволното дарување крв.

Активноста беше реализирана во рамките на традиционалната соработка меѓу УМТ и Црвениот крст – Општинска организација Чаир. Организацијата и координацијата на целокупната активност се одвиваа под раководство на деканот на Правниот факултет, проф. д-р Александар Петковски.

Црвениот крст на предавањето достоинствено го претставуваше Сара Таири, координаторка за млади при Црвениот крст – ОО Чаир. Таа пред студентите и академскиот кадар презентираше значајни информации за здравствените придобивки од дарувањето крв, неговиот хуманитарен аспект, како и конкретните можности за вклучување на младите во хуманитарните акции и мрежи.

Во текот на средбата беше упатен јавен повик до сите студенти и вработени на Универзитетот да ја изразат својата солидарност и граѓанска одговорност преку учество во претстојната хуманитарна акција.

Акцијата за дарување крв ќе се одржи на 28 октомври 2026, од 10:00 до 14:00 часот, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By