Скопје, април 2026 – Во рамки на програмите за академска мобилност и интернационализација на институцијата, висок делегациски тим од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје реализираше академска посета на Техничкиот универзитет во Софија, Бугарија.

Делегацијата беше составена од проректорот за финансии, инвестиции и развој, вонр. вонр. д-р Бујамин Бела, деканката на Економскиот факултет, вонр. проф. д-р Букурие Имери Јусуфи, како и вонр. проф.. д-р Теута Зенку, вонр. проф. д-р Зана Беќири-Лума и вонр. проф. д-р Лиридон Зенку.

Во текот на оваа мобилност, претставниците на УМТ имаа можност да разменат знаења и искуства со своите бугарски колеги, со фокус на современите пристапи и практики во техничко-економските области и поврзаните научни дисциплини. Оваа размена послужи како платформа за унапредување на наставните и истражувачките методологии на академскиот кадар.

Интензивните академски активности, работилници и тематски дискусии одржани во Софија значително придонесоа за зајакнување на меѓуинституционалните врски. Оваа соработка отвора нови можности за заеднички научно-истражувачки проекти, истовремено унапредувајќи ги професионалните капацитети на кадарот на УМТ.

Ова искуство ја потврдува суштинската важност на прекуграничната соработка и академската мобилност во функција на подобрување на квалитетот на високото образование и одржливиот професионален развој на академскиот кадар.

By