Скопје, мај 2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје направи значаен чекор кон модернизација на студентските услуги со официјалното лансирање на новиот Портал на Центарот за кариера. Платформата беше претставена од страна на ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, кој ја истакна важноста на оваа алатка за зголемување на вработливоста на младите.
Овој проект го означува функционализирањето на напредната дигитална платформа, создадена за директно поврзување на студентите со компаниите и реалните можности за професионален развој.
Новиот софтвер функционира како интерактивен простор каде студентите и работодавачите комуницираат без посредници. Преку оваа платформа, студентите можат да креираат професионални профили, да ги следат трендовите на пазарот и да аплицираат за слободни позиции со еден клик. Од друга страна, компаниите добиваат директен пристап до база на податоци за нови и квалификувани таленти.
Платформата на корисниците им нуди:
· Ексклузивни работни места и практика: Пристап до огласи од компании и институции – партнери на УМТ.
· Професионално советување: Индивидуална поддршка за градење кариера, подготовка на CV и оптимизација на профилот на LinkedIn
· Брза комуникација: Директна поврзаност и интеракција во реално време со потенцијалните работодавачи.
· Информирање и менторство: Известувања за професионални работилници (workshop-и), саеми за кариера и програми за развој на практични вештини (soft skills).
Во духот на хуманизмот што го носи името на нашиот универзитет, овој портал не е ограничен само за студентите на УМТ. Тој претставува отворен ресурс за сите студенти во земјата, како и за сите компании и институции кои имаат цел да регрутираат професионален и енергичен кадар.
УМТ ги повикува сите студенти и бизниси да станат дел од оваа мрежа преку регистрација на официјалната адреса:
