Вараждин, Хрватска – 12.05.2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја офиализираше соработката со Универзитетот Север (Sveučilište Sjever) во Вараждин, Хрватска, преку потпишување на Меморандум за разбирање. Договорот беше потпишан од ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и ректорот на Универзитетот Север, проф. д-р Дамир Вусиќ.
Ова стратешко партнерство со Универзитетот Север, кој е рангиран на 373-то место во светот според меѓународната ранг-листа „Times Higher Education World University Rankings“, има за цел унапредување на академските и научно-истражувачките процеси на двете институции.
Главните точки на соработката вклучуваат: „Dual Degree“ магистерски студии со отворање заеднички студиски програми што ќе им овозможат на студентите двојна диплома, заеднички истражувачки групи со вклучување на академскиот кадар на УМТ, мобилност на кадарот и студентите преку размена на искуства и академска мобилност, со цел зголемување на квалитетот на наставата и студиското искуство, соработка на научни конференции, каде што УМТ ќе биде официјален партнер во организацијата на престижни IEEE конференции, како и во објавување заеднички научни списанија.
Ректорот проф. д-р Беким Фетаји истакна дека овој меморандум претставува значаен чекор кон понатамошната интернационализација на УМТ и создавање нови можности за студентите на европскиот пазар на високо образование.
За време на потпишувањето на договорот, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорката вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, проф. д-р Зоран Трифунов, како и вон. проф. д-р Владимир Китановски.
Договорот предвидува специфичните активности да бидат детално разработени во рок од 90 дена преку посебни меморандуми за соработка за секој проект.
