Скопје, мај 2026 година – Студентите од студиската програма социјална работа и социјална политика при Факултетот за социјални науки на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје реализираа студиска посета во Министерството за социјална политика, демографија и млади, каде што беа пречекани од државниот секретар г. Фатмир Сабриу и државната советничка г-ѓа Дрита Аслани.

За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на социјалните институции, актуелните социјални политики, предизвиците и процесите поврзани со социјалната заштита, демографијата и политиките за младите во Република Северна Македонија.

Посетата беше предводена од професорите: доц. д-р Елизабета Бајрами Ологу, вон. проф. д-р Хава Реџеп и асистентката м-р Ерзана Малиќи, со цел зајакнување на врската помеѓу академската теорија и институционалната практика.

Му благодариме на Министерството за социјална политика, демографија и млади за гостопримството и подготвеноста да сподели искуства и знаења со нашите студенти.

By