Скопје, јуни 2026 година – По повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беше одликуван со посебно институционално признание. На свечената церемонија, во име на ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, признанието го прими проректорот вон. проф. д-р Бујамин Бела.
На овој значаен настан за деловната и академската заедница, проректорот Бела беше придружуван од м-р Илир Идризи, претставник од Канцеларијата на Центарот за кариера при УМТ. Делегацијата го претставуваше Универзитетот на овој јубилеј, уште еднаш нагласувајќи ја клучната улога на институцијата во подготовката на кадри кои одговараат на потребите на пазарот на трудот.
Ова признание претставува силна потврда за досегашната успешна соработка меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Тоа го одразува заедничкиот ангажман на двете институции за унапредување на образовниот процес, одржлив развој на човечкиот капитал, како и за континуирано зајакнување на врските меѓу академскиот и економскиот сектор.
УМТ изразува искрена благодарност до СКСЗМ за ова признание и останува целосно посветен на понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство во иднина, со цел поттикнување на економскиот раст и општествениот напредок во земјата.
