Скопје, 05.06.2026 година – Ректорот на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, денеска на значајна работна средба прими висока делегација составена од истакнати личности од академскиот, литературниот и културниот живот. Во делегацијата беа почитуваниот академик Али Алиу, познатиот писател и активист Намик Докле, директорот на издавачката куќа Тоена и организатор на Саемот на книгата, Фатмир Точи, како и директорката на Националната библиотека на Албанија, Мајлинда Точи.
На оваа средба, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорот за настава, Фати Исени, и м-р Аритон Рама, со кои го споделија ставот дека во центарот на дискусијата треба да биде исклучителното значење што го има организирањето на саемите на книгата за студентите и академската заедница. Соговорниците нагласија дека овие културни настани играат клучна улога во изборот на квалитетна литература и во збогатувањето на интелектуалниот свет на младите.
По тој повод, гостите изразија посебна благодарност до Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје за неговиот значаен придонес и поддршката дадена за успешната реализација на овој саем.
За време на средбата беа претставени конкретни идеи и беа договорени првите чекори за институционална соработка во неколку области од заемен интерес, како мост што ги поврзува науката и книгата, беа поставени почетните идеи за тесна институционална соработка помеѓу Националната библиотека на Албанија и Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, со посебен фокус на спроведување заеднички научни истражувања и обезбедување пристап до академските фондови и ресурси.
