Скопје, 28.10.2026 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, успешно се одржа панел-дискусија на тема: „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“.

Настанот свечено го отвори ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, кој во своето поздравно обраќање го истакна значењето на овој јубилеј, како и улогата на високообразовните институции во подготовката на новите генерации за предизвиците што претстојат.

На панел-дискусијата, кој успешно го модерираше м-р Аритон Рама, учествуваа истакнати личности од институционалната и академската сфера.

Во својство на панелист, министерот за односи меѓу заедниците, г. Агон Ферати, дискутираше за институционалниот аспект на спроведувањето на Договорот, како и за клучната улога на невладините организации и младинските организации во развојот на општеството.

Проф. д-р Фати Исени го разработи историскиот аспект на процесите, осврнувајќи се на развојните текови и досегашниот историски пат низ годините.

Вон. проф. д-р Мурат Алиу го анализираше научниот аспект на овој период, задржувајќи се на влијанието на социо-политичките промени врз академскиот и научниот развој.

Панелот-дискусијата предизвика голем интерес кај присутниот академски кадар и студентите, прераснувајќи се во отворена платформа за размена на мислења, прашања и конструктивни дебати за минатото, сегашноста и перспективите во следните 25 години.

By