Скопје,29.05.2019 Студенти од УМТ, од студиска програма ‘Дизајн и текстилно моделирање’ предводени од менторот доц. м-р Невенка Тодоровска одржаа парада наречена “Illuminated Deconstruction” (Осветлена деконструкција).
Парадата која се одржа на 21.05.2019 со почеток во 16.00 до 19.00 часот, почна од Ректоратот на УМТ, продолжи накај‘Жена парк’, a заврши на скопкиот плоштад.
Студентите кои носеа нивни креации, парадираа преку Порта Македонија, а завршното претставување – перформансотго одржаа околу фонтаната на споменикот ‘Воинот на коњ’. Целиот настан беше проследен од случајни минувачи и странци кај кои парадата предизвика внимание, поставуваа прашуваа и се сликаа со студентите.
За самиот настан пуштени беа видеа и слики на социјалните медиуми, кои ги следат повеќе од 10.000 следбеници.
Костимите беа направени од студентите од насоката Тектил, Дизајн и Моделирање на Факултетот за технолошки науки при УМT на истоимената тема со менторот доц. м-р Невенка Тодоровска.
Во парадата учествуваа 20 студенти, воедно и вонредните студенти на мода, некои од студентите си носеа и свои манекенки кои ги претставуваа нивните костими. Парадата овозмножи не само развој на еден нов израз на перформансот на движењето на центарот на градот, туку и промоција на Факултетот за Технолошки Науки при УМТ.