УМТ БАРА ПРИОРИТЕТНА ИМУНИЗАЦИЈА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Скопје,𝟏𝟐.𝟎𝟒.𝟐𝟎𝟐𝟏 Со оглед на тешкиот период со кој се соочуваме повеќе од една година, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, денес испрати барање за вклучување во приоритетната листа за вакцинација, и академскиот и административниот персонал на УНТ.

Барањето испратено до Стручната група за вакцинација против КОВИД-19, при Министерството за здравство, има за цел да овозможи создавање услови, барем, на крајот на семестарот, за спроведување на програмата на некои факултети каде физичко присуство е потребно

УНТ инсистира на тоа дека само со вакцинирање на персоналот ќе може да се обезбеди можност за успешно спроведување на студиските програми, особено сега кога Владата обезбеди десетици илјади вакцини.

Барањето за приоритетна имунизација беше испратено од УНТ придружено со списокот на вработени кои доброволно поднеле барање за вакцинација.