УМТ СЕ ПРЕТСТАВИ ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ОД ВЕЛЕС И ОХРИД

Велес/Охрид 𝟭𝟱.𝟬𝟰.𝟮𝟬𝟮𝟭Во рамките на активноста за промоција на универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје на ден 15.04.2021 година беа реализирани две online промоции пред матурантите од средните стручни општински училишта Коле Неделковски, Велес и ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Охрид.
Промоцијата беше реализирана од страна на проф. д-р Зоран Трифунов, доц. д-р Оливера Петровска и м-р Јован Христоски.
Пред матурантите претставени беа петте факултети во склоп на Универзитетот мајка Тереза во Скопје со посебен акцент на студиските програми од факултетот за технички науки.
Матурантите беа запознаени со мисијата, визијата, опременоста на лабораториите и приоритетите на студирање на нашиот Универзитет. Информирани беа за веб страната и местоположбата на универзитетот.
После презентацијата и симулациите имаше дискусија од прашањата кои ги поставуваа матурантите.