Скопје, 19 април 2021 година – Студентите на Универзитетот „Мајка Тереѕа” во Скопје се учесници на обуките на ЕРАСМУС + програмата на Европска Унија. Студентот од студиската програма за комјутерски науки на УМТ учествуваше на обуката организирана на Универзитетот „Епока” во Тирана во рамките на проектот VTech.
Оваа обука беше фокусирана на три области:
· VR (virtual reality),
· AR (Augmented reality) и
· (Mixed Reality).
Обуката беше спроведена од професорите Дорота Каминска и Ана Ласка- Лесниевиц од Политехничкиот универзитет во Лодза, модерирана од Грзегорз Зволонски. Обуката главно се фокусираше на дизајнот и немаше никаков програмски јазик.
На оваа обука студентите беа запознаени со слушалки што беа поставени во глава и како да се употребуват двата џојстици, исто така и како да ги поврзете слушалките со компјутер и со паметен телефон. Студентите на обуката беа поделени во групи и по два дена предавања, студентите финализираа проект креиран од студентскиот тим кој беше презентиран во power point.
Задачата на студентите беше преку употреба на слушалките и џојстици и преку програмата spatial.io да сосдават замислена канцеларија за корисник преку виртуелна реалност. Проектот на студентите, каде учествуваше и студентот на УМТ, се однесуваше на имагинарен дипломиран студент кој градеше продажба на хардвер за да се стекне со искуство и во иднина да работи во една од престижните компании, значи создадоа замислена канцеларија во 3Д.
На сите студенти учесници им беа доделени и цертификати за учество и студентите обуката ја оценеа како многу плодна