Следејќи ги активностите на Проектот VTECH, финансиран од Европската унија, продолжуваат обуките наменети за студентите. Следнава обука се одржа од 10 до 12 мај на Универзитетот „Александар Моисиу“ во Драч, Албанија.

На оваа обука присуствуваа студенти од 8 универзитети, вклучувајќи ги Албанија, Косово и Северна Македонија, исто така присуствуваа и студенти од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Обуката ја водеше професорот Rain Eric Haamer, специјалист за Virtual Reality (VR) при универзитетот ,,Тарту’’ во Естонија. За време на првиот ден од обуката, студентите беа запознаени со VR / AR апликациите на мобилните уреди, додека, вториот ден, предавањата се одржаа во насока на градење на VR апликацијата на Google VR.

By