Скопје, 04.06.2021 година Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје денес потпиша меморандум за соработка со Државното акционерско друштво за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловна навигација „М-НАВ” АД Скопје.
Меморандумот кој го потпиша Ректорот на УМТ, проф. д-р Азиз Положани од една страна и од друга страна Претседателот на Управниот одборот и Извршен Директор во секторот за воздухопловна навигација, м-р.Фахрудин Хамиди и Извршнен Директор во техничкиот сектор, Миѓен Саљман имат за цел развојот на соработка во областа на образованието и во согласност со заедничките интереси и меѓусебната соработка на двете институции.
Потписниците на овој Меморандум се согласија во рамките на нивната примарна дејност да дејствуваат заедно и да соработуваат во интерес на постигнување цели од заеднички интерес.
Соработката помеѓу 𝐔М𝐓 и 𝐌-НАВ, ќе се реализира преку размена на искуствата и научните и стручните знаења, соработка во областа на реализација на образовните програми и реализација на практичната работа за додипломски, постдипломски и докторски студиски, подготовка на магистерски трудови и докторати од студенти на постдипломски студии во функција на проектите од интерес на потписниците на меморандумот, изработка на апликативни проекти во смисла на дефинирање на проектни задачи, подготовка на проекти на барање на еден од потписниците, како и преглед на проекти изработени од трети страни.
Исто така, Меморандумот вклучува и употреба на условите, материјалите, технички-професионалните простори и лаборатории, како материјална и професионална поддршка од една страна на потписниците за време на активности иницирани од другата страна потписничка и размена на информации и научни истражувања, научни состаноци, развојни проекти и други проекти кои се од заеднички интерес.