Скопје, 10 јуни 2021 – На Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје се одржа 5-то издание на Меѓународната конференција „Миграција и развој, предизвиците после Ковид 19”- “MIGRATION AND DEVELOPMENT: LOOKING FORWARD POST COVID-19”. Имајѓи во предвид олеснувањето на мерките против глобалната пандемија Конференцијата беше спроведена во комбинирана форма, со физичко присуство и онлајн. Конференцијата Миграција и развој, предизвиците после Ковид 19 беше реализирана во соработка меѓу три универзитети и тоа, како домаѓин Универзитетот „Мајка Тереза” Во Скопје, Универзитетот во Сасари и Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола.
Отворањето на конференцијата го направи домаќинот на конференцијата, проректорот проф. д-р. Ризван Сулејмани, модерирано од доц. д-р Арта Џељиљи, меѓу другите, поздравен говор имаше и Ректорот на УМТ, проф. д-р Азиз Положани, после Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола проф. д-р Сашо Коруновски, исто така преку апликацијата Zoom поздравен говор за сите присутни професори имаше и од проф. д-р. Марко Цаларесу и Ќурицо Мигели од Универзитетот во Сасари.
Во својот поздравен говор, Ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани, меѓу другото рече: „Задоволство е што по многу специфичен период наметнат од пандемијата, денес со физичко присуство ја одржуваме Меѓународната конференција за миграција, која е петта по ред колку се и годините на работење на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и им се заблагодари на партнерите на Универзитетот во Сасари од Италија и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Исто така тој додаде дека овој пат на оваа Конференција очекуваме две големи достигнувања : „Првиот почеток е акредитацијата во двете соодветни земји на магистерските студии за Миграција и безбедност помеѓу УМТ и Универзитетот во Сасари каде што студенти од нашата земја можат да се запишат во Италија и да ги завршат магистерските студии, и вториот почеток е Одлуката на Сенатот на УМТ за основање на „ИНСТИТУТОТ ЗА МИГРАЦИЈА, МОБИЛНОСТ И БЛАГОСОСТОЈБА“.Овој институт во рамките на УМТ ќе се осврне на проблемите на научните принципи, тековните и актуелните појави во овие области “. За раководител на Институтот е предложен проф. д-р Ризван Сулејмани и научен секретар доц. д-р Арта Џељиљи.
Во својство на главен говорник презентираше г-ѓа. Вјолца Хајдари, публицист, политолог и етнолог од Берлин, Германија. Во 5-то издание се пријавени над 30 научни трудови, додека 26 трудови се прифатени за презентација, земајќи ги предвид сите критериуми објавени претходно во рамките на прелиминарниот повик за апликација со научните трудови.Конференцијата „Миграција и развој, предизвиците после Ковид 19” е поделена на пет сесии на различни теми, и тоа:
– Прва сесија: Миграција култура и комуникацијата за време на кризата со Ковид 19 и после Ковид 19.
– Втора сесија: Миграција, предизвиците на креирање политики и демографија на Западен Балкан.
– Трета сесија: Новите хоризонти на образованието во време на дигитализацијата и кризата со Ковид.
– Четврта сесија: Правниот пристап кон проблемите со миграцијата и човековите права.
– Петта сесија: Економските предизвици и можности во НОВИОТ СВЕТ.
На 5-та меѓународна конференција „Миграција и развој, предизвиците после Ковид 19“ беа презентирани податоците од истражувањето спроведено од Факултетот за општествени науки при УМТ, каде што беше направено емпириско мерење на волјата на младите да мигрираат, правејќи споредби пред и после Ковид и целото ова истражување беше презентирано од м-р. Ељисабета Ологу Бајрами и доц. д-р Арта Џељиљи.