Во пресрет на петтата годишнина од основањето на УМТ, ТРЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА АПСОЛВЕНТИ НА УМТ ЈА ОДРЖА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ФРЛАЊЕ КАПИ

Скопје, 30 јуни 2021 година Треттата генерација апсолвенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје ја круниса четиригодишниот напор со фрлање капи, симболизирајќи го крајот на предавањата на петте факултети на единствениот универзитет на албански јазик во главниот град.

Во присуство на високи државни претставници, странски акредитирани дипломати во Скопје, од академскиот свет, родителите на студентите, домаќинот на овој настан ректорот на УМТ проф. д-р Азиз Положани во поздравниот говор го опиша овој ден како многу посебен, најдобар доказ дека универзитетот за време на петгодишното патување е консолидиран и е на добар пат.

Положани во својот говор рече дека развојот на земјата може да се забрза со најголемо можно вклучување на младинскиот потенцијал во високото образование, високото образование на албански јазик ќе го зголеми овој потенцијал и ќе го стави во служба на побрз развој на целото општество и на земјата.‘Сигурен сум дека со гордост ќе ги паметите почетоците на овој универзитет кога вие и јас, заедно бевме едвај 200 луѓе, 160 студенти, 30 професори и едвај 7-8 позајмени административни службеници.

Сега кога сте на крајот од студиите, ќе бидете горди затоа што за пет години ги надминувавме повеќето тешкотии, благодарение на вашата упорност, работата и пожртвуваноста на академскиот и административниот кадар и поддршката на владата, денес броиме околу 2.500 луѓе, од кои 2300 студенти, 150 професори и околу 50 вредни администратори, што означува зголемување од десет пати повеќе “, рече ректорот на УМТ проф. д-р Азиз Положани. Исто така, тој на церемонијата, изрази благодарност до сите претставници на централната и локалната власт за нивниот придонес во формирањето и развојот на УМТ.

Почесен гостин на церемонијата беше претседателот на Собранието, г-дин Талат Џафери, кој рече дека тој, како спикер и неговите колеги пратеници, го дадоа својот законодавен придонес и безрезервна поддршка ‘затоа што тие веруваа и сè уште се убедени дека воспоставувањето на новите огништа на знаење го поттикнуваат натпреварувачки дух меѓу нив, и за да се постигне сè повисок и попривлечен квалитет за младите студенти е патот до врвот ‘

Заменик министерот за образование и наука, г-дин Арафат Шабани им честита на апсолвентите за успехот, а истовремено ги пофали академскиот и административниот кадар за нивната неуморна работа.

Градоначалникот на општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, општината каде учат повеќето студенти, рече дека како што досега го поддржувале УМТ со обезбедување бесплатни простори за учење и спортски сали, тој ќе продолжи да го следи растот на УМТ со разновидна поддршка.

За време на церемонијата, УМТ ги прогласи 5-те најистакнати студенти на генерацијата, од петте факултети Фисник Нухи, Ендрина Фејзуљи, Емељ Аљиу, Риљинд Каба и Беса Џони, која освен што беше најдобра студентка на својот факултет, беше избрана и најдобра на генерацијата.

Денешната церемонија на фрлање капи е многу посебен настан за УМТ затоа што се совпаѓа со мал, но многу важен јубилеј од 5-годишнината од основањето во 2016 година, и оттогаш е развиен и збогатен со бројни студиски програми под водство на ректорот Азиз Положани.

Бројот на студенти на Факултетот за градежништво и архитектурата, Факултетот за информатички науки, Факултетот за технички науки, Факултетот за технолошки науки и Факултетот за општествени науки се зголеми на над 2300 од 2016 година, кога беа запишани околу 200 студенти, што значи дека е зголемен интересот за студирање при УМТ и оваа создава простор за зајакнување на целите на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.

Учесници на церемонијата беа претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт Бочварски, вицепремиерот и министерот за политички систем Артан Груби, заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, директорот на АПЈ Иљбер Сеља и други функционери.