СТУДЕНТИТЕ ОД УМТ ТЕКСТИЛ ДИЗАЈН И МОДЕЛИРАЊЕ ЗАПОЧНУВААТ СО ПРАКТИЧНА РАБАОТА ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА 

Скопје, 14 јули 2021 – Студентите при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од Факултетот за технолошки науки, насока дизајн  текстил и моделирање,  започнаа со наставна пракса во Истанбул, Турција, во текстилната компанија “Hot-saş” и фабриката “Kozabiat”. 

Студентите Ајнур Лесковица и Суреја  Ќаили добија стипендии од универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, финансирани од Националната агенција за европски програми за образование и мобилност ЕРАЗМУС +. 

Во овој период тие ќе се вклучат и ќе го следат производство на текстилни производи чекор по чекор, почнувајќи од скицирање и дизајнирање на текстил, набавка на материјали, изработка на моделот, сечење, шиење, фотографирање и рекламирање на производите, пакување и продажба. 

Наставната пракса ќе трае два месеци. УМТ на студентите Ајнур Лесковица и Суреја  Ќаили им посакува  успешна работа и многу успеси во иднина.