Скопје, 23.09.2021 Со одобрување на Деталниот урбанистички план, вчера на 59-тата седница на Советот на општина Чаир, со сеопфатно гласање, завршија административните процедури по општините за изградба на Универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Предходно и Советот на општина Карпош го одобри таквиот план, а се очекува кампусот, кој се наоѓа во општините Чаир и Карпош, да започне со негова изградба.
Универзитетот Мајка Тереза во Скопје им се заблагодарува на членовите на Советите на општините Чаир и Карпош за поддршката на проектот, а особено изразува задоволство што имаше сеопфатна поддршка за изградба на кампусот.
Универзитетот Мајка Тереза во Скопје е во интензивна комуникација со Министерството за образование и наука и Министерството за одбрана, за спроведување на одлуката на Владата за примо-предавање на просторот и капацитетите кои во моментот се дел од касарната ‘Илинден’, што ќе придонесе до непрекината реализација на универзитетскиот кампус на УМТ.