Скопје, декември 2021 – Со учество на претседателот на Републиката, г-дин Стево Пендаровски, академскиот кадар, студентите на УМТ, беше промовирана книгата „Косово и Албанија во иднина – поблиску или подалеку една од друга“ од авторот Неџмедин Спахиу.

Ректорот на УМТ проф. д-р. Азиз Положани во своето главно обраќање му честиташе на авторот за промоцијата на книгата организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, притоа упати благодарност кон пријателите на УМТ и кон претседателот за нивното учество на оваа свеченоста. Положани рече дека авторот зборува за актуелни теми на Балканот, кои исто така стануваат актуелни и во Европа и дека научната евалуација на еден научник од Митровица, и книгата ќе биде дополнителен придонес кон ова решение.

Претседателот на Одборот на ААБ од Приштина проф. д-р. Љуљзим Тафа го вреднува делото како резиме од 25-годишна работа на авторот, кој според него проценува дека Албанија и Косово создаваат паралелни идентитети и не се развиваат секогаш координирано помеѓу себе.

Проф. д-р. Ризван Сулејмани, модератор и рецензент на книгата „Косово и Албанија во иднина“ рече дека авторот ја следи историската траекторија за да извлече интересни сознанија дека косовскиот идентитет се појавува паралелно со албанскиот национален идентитет. Сулејмани рече дека авторот ја следи вредноста на конгресот за обединување на албанскиот јазик во 1972 во Тирана како една културна надмоќ на Албанија наспроти Косово.

Авторот на книгата „Косово и Албанија во иднина – поблиску или подалеку една од друга“ Неџмедин Спахиу рече дека кон народите на Балканот секогаш постоела неправда, на Македонија 30 години за прашањето за името, додека на Косово со српскиот геноцид и со непризнанавањето од Србија и некои земји од Европа и светот, и 23 по завршувањето на војната. Меѓународната заедница не застана на страната на правдата, во случајов Македонија, туку на страна на силната Грција, истото се случува и со Косово, каде Србија е поддржана како најсилна, а не Косово кое има право.

By