Загреб, 25-27 Мај 2022 – Во Високата школа за информациска технологија во Загреб (Visoka škola za informacijske tehnologije) се одржа работилница во рамките на програмата ЕРАЗМУС + насловена „Дигитализација на образовните содржини“, каде што Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје како лидер за нејзино спроведување, беше претставена од проректорот за наука и истражување, проф. Др. Беким Фетаји.
Работилницата се одржа во рамките на имплементацијата на проектот ERASMUS + „Интеграција на дигитални содржини и дигитализација“, и во соработка со училиштето TESLA во Загреб, Хрватска.
Учесниците од 10 партнерски институции се запоснаа со алатките за дигитализација на институциите домаќини. За време на семинарот „E- learning“ беа презентирани и демонстрирани некои алатки за дигитализација и учесниците имаа можност да се обучат за следните теми:
1) Дигитализација на испитите – Софтвер за пишување испити онлајн со видео и аудио надзор – Cheatless
2) Editorij (https://edutorij.e-skole.hr) -Repositorium Digital Education
3) Дигитализиран информациски систем Училишна администрација
4) Дигитализирани симулатори во електронското учење
5) VIDI-X – микрокомпјутер за мултифункционален развој со моќен процесор, екран и сензори ESP32.
Работилницата ја посети и амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи, кој им се заблагодари на учесниците за учеството и ги охрабри универзитетите и високообразовните институции да продолжат да ја унапредуваат соработката и дигитализацијата на образованието. Координатор на проектот е проф.д-р. Беким Фетаји, проректор за наука и истражување на УНТ, додека Универзитетот Мајка Тереза во Скопје е лидер на проектот.