Скопје, 20.06.2022 – На денешен ден, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, се сретна со студентката Јета Јашари од студиите по „Текстил, дизајн и моделирање“ при Факултетот за технолошки науки и ѝ додели сертификат и Плакета за достигнување за нејзиниот голем успех на ревијата „Муза компетишн“ (MUZA COMPETITION) во Тирана, каде, од 350 дизајнер(к)и учесници и учеснички, го освои третото место.

На средбата, ректорот Зеќири им честиташе на професорката Гента Спахиу Јашари и на студентката Арта Јашари за посветеноста и професионалните достигнувања. Освен тоа, на Јета Јашари, Ректорот ѝ додели Благодарница за особен придонес во напредокот на УМТ, особено за напредокот на студиската програма „Текстил, дизајн и моделирање“ на ревијата „Муза компетишн“ во Тирана.

Минатата недела, Јета Јашари беше наградена како една од трите најдобри модни дизајнерки на ревијата „Муза компетишн“ (MUZA COMPETITION) организирана од Сојузот на албанските општини.

By