РЕКТОРОТ ЗЕЌИРИ ЛИЧНО ГИ УСЛУЖИ ПРВИТЕ АПЛИКАНТИ
СКОПЈЕ, 26.08.2022 год.Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од денеска почна со пријавување на првиот уписен рок за прим на потенциалните студенти на 5 факултети со вкупно 24 студиски програми.
За олеснување на процедурата за аплицирање, поради големиот број на заинтересирани , целокупниот академски и административен капацитет на УМТ е ставено на располагање на потенцијалните студенти, додека првите апликанти беа лично услужени од страна на ректорот на УМТ проф.др. Изет Зеќири
Одговарајќи на прашањата на медиумите, ректорот Зеќири рече дека сите студиски програми на УМТ, без исклучок, се дефицитарни, а тоа го докажува и непосредното ангажирање со работата на сите оние студенти кои дипломирале на УМТ.
Постапката е многу лесна, додека на студентите им стои на располагање целокупниот академски и административен кадар на универзитетот. Првиот уписен рок почнува денеска, а завршува на 31 август, среда, изјави ректорот Зеќири.
Оваа година Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје нуди 1225 слободни места за заинтересирани кандидати кои сакаат да ја градат својата академска кариера на УМТ. Објавувањето на прелиминарните резултати ќе биде на 1 септември 2022 година, додека конечната одлука за прием на кандидатите ќе биде објавена на 5 септември. Пприемот на студентите ќе биде од 5 до 9 септември, каде што студентите треба да го пријават првиот семестар, со што ќе го добиваат статус студент.