Скопје, 26 Август 2022 год. – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаше работна средба со претседателката на Светската Младинска Алијанса, Паула Андреа Лопез.
Ректорот им се заблагодари на гостите за посетата и за можностите што Светската Младинска Алијанса им ги нуди на младите, нагласувајќи ја потребата од поддршка на младите во земјава.
Ректорот Зеќири рече дека „во РСМ живеат повеќе од 420.000 млади луѓе и бројот на млади без работа е многу голем, затоа условите и можностите за дејствување во оваа насока се многу високи“. – рече ректорот Зеќири.
Претседателката Паула ја претстави Светската Младинска Алијанса како организација основана од Обединетите Нации со седиште во Њујорк, присутна во 6 региони низ светот која нуди можности за младите луѓе во повеќе области, особено во aдвокатура, образование и практикантска работа.
Ректорот Зеќири изрази поддршка за формирањето на организацијата во РСМ бидејќи претставува добра можност за нашите студенти и млади луѓе во земјава. Во иднина се очекува и солемнизација на соработката со договор за соработка.