Во рамките на тридневната обука за вработените на универзитетот

Скопје, 02.09.2022 год. – Во рамките на тридневната обука за вработените на универзитетот, а организирана од раководството на УМТ и во пресрет на новата академска 2022/2023 година, тимот архитекти кој го проектираа планот за Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје денес го презентираа проектот пред вработените.

Планот на кампусот беше презентиран во детали, а се елаборираа и техниките користени за реализација на ваков проект од категорија А.

Планот на кампусот претрпе минимални измени со цел прилагодување на новата локацијата од 50.000 квадратни метри во касарната „Илинден“. Претходно, овој проект беше планиран на парцела од 20.000 квадратни метри, доделена од Владата во 2015 година.

За разлика од првата парцела, УМТ сега располага со 50.000 квадратни метри земјиште и 6 постоечки објекти со над 6.000 квадратни метри корисна површина.

Вработените изразија голем интерес за нашиот нов проект на универзитетскиот кампус.

By