Скопје, 06.09.2022 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, г-дин Флоријан Ќехаја.
Ректорот Зеќири го информираше амбасадорот Ќехаја за историјата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и неговото консолидирање во сиве овие години, при што ја истакна плодната соработка и одличните односи со многу универзитети во Република Косово.
Обајцата се согласија да придонесат за зајакнување на соработката меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и другите универзитети од Косово. Притоа, ја истакнаа и мобилноста на студент(к)ите и академскиот кадар преку разновидни колаборативни проекти, како и соработката во различни сфери на високообразовните институции.