Дополнително на имплементацијата на проектот ERASMUS+ IDADOHS Дигитализација на образованието, беше организиран почетен состанок и се одржа на 30 март 2022 година (среда) на Универзитетот Мајка Тереза – Скопје.
За време на почетниот состанок координаторот проф. Беким Фетаџи, проректор за наука на Универзитетот „Мајка Тереза“ првично ги покани сите партнери да ги претстават самите себе и нивните институции и кои аспекти на дигитализацијата ги имаат имплементирано. По презентацијата и запознавањето меѓусебно и нивните институции и спецификите и работата во однос на процесот на дигитализација, координаторот проф. Беким Фетаџи ги има образложено и поминато низ сите активности и детали од проектната апликација. Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација на средните училишта, IDADOHS е проект во кој Универзитетите во соработка со средните училишта ќе помогнат во дигитализацијата на образованието отворени образовни ресурси кои ќе се користат во процесот на настава и учење. Се разговараше и каде се недостатоците и скратувањето на буџетот и скратувањето на времето за завршување на проектот и објаснето кои се следните чекори
Во прилог на состанокот беше детална агенда и други материјали доставени до учесниците.
Исто така различни ЛОГО за проектот беа презентирани и претходно испратени по е-пошта и за време на почетокот на состанокот беа изгласани од сите учесници и по пребројувањето гласовите се одлучи за официјалното ЛОГО на проектот.