Приштина, 19.05.2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од деканката на Економскиот факултет, вонр. проф. д-р Букурие Имери Јусуфи и вонр. проф. д-р Теута Јусуфи Зенку, оствари официјална посета на Универзитетот во Приштина, каде што беа пречекан на работна средба од деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Дритон Балај.
Фокусот на оваа средба беше продлабочување на академската и научната соработка меѓу двете институции. За време на разговорите, страните дискутираа за конкретни можности за партнерство, со посебен акцент на заеднички студиски програми преку иницирање заеднички циклуси на додипломски и магистерски студии, развој на заеднички научно-истражувачки проекти и аплицирање за меѓународни фондови, како и заеднички професионални сертификации за студентите и бизнис-заедницата.
Раководствата на двете институции изразија целосна подготвеност за унапредување на ова стратешко партнерство, оценувајќи дека оваа соработка ќе создаде нови можности и ќе ја зголеми мобилноста на студентите и академскиот кадар на двата универзитета.
