Скопје, 19.05.2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот за образование, проф. д-р Фати Исени, денеска го пречекаа на работна средба во кабинетот на ректорот градоначалникот на Општина Чашка, г. Суат Шаќири.
Средбата се одвиваше во позитивен дух на соработка, при што беа разгледани можностите за институционална координација во сферата на високото образование и поддршката на младите. За време на разговорот, посебен акцент беше ставен на стимулирањето и континуираниот упис, за секоја академска година, на студенти од регионот на Чашка на студиските програми кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Ректорот Фетаји го информираше градоначалникот Шаќири за богатата академска понуда и современите услови за студирање, истакнувајќи дека нашите студиски програми, со посебен фокус на техничките, технолошките, општествените и применетите науки, претставуваат одлична можност за професионален развој на младите кадри од оваа општина.
Градоначалникот на Општина Чашка, г. Суат Шаќири, изрази благодарност за гостопримството и високо ја оцени академската и општествената улога на УМТ. Тој ја потврди подготвеноста на локалната самоуправа за тесна соработка со универзитетот, со цел младите од овој регион да се насочат кон квалитетни студии кои одговараат на барањата на современиот пазар на трудот.
