Во рамките на програмата Еразмус+, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, беше пречекана раководителката на Катедрата за комуникации од државниот Универзитет во Дубровник, Паулина Бачиќ.
Таа се сретна со раководителот на Одделот за комуникации на УМТ, Наим Вренези, и раководител(к)ите на Канцеларијата за меѓународна соработка, Илир Идризи и Арта Аџиу Адеми.
Гостинката од Хрватска беше запознаена со студиските програми на УМТ и потпишаните меѓуинституционални договори со универзитетите на европско ниво, во кои студент(к)ите, академскиот и административниот кадар ја спроведуваат Еразмус+ мобилноста.