Скопје, декември 2022 – Студентите од студиските програми Јавна администрација и Менаџмент на човечки ресурси како и Политички студии на Факултетот за Социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, под раководство на м-р Аритон Рама беа во посета на Собранието на Република Северна Македонија каде што беа пречекани од страна на претседателот на Собранието, г-дин Талат Џафери.

На оваа студиска посета, студентите имаа можност да разговараат со спикерот г. Талат Џафери за парламентаризмот и пристапот на младите во политиката. Студентите беа информирани за тоа како се одвиваат процесите во различни комисии па се до нивна расправа и гласање во главната сала на собраниските седници.

За време на посетата во Собранието, студентите ги посетија сите сали во кои се одржуваат собраниските седници и нивните комисии, почнувајќи од „Кристалната сала“ која се користи за протоколарни активности како конференции и свечени приеми, а завршија со посета на „Салата Охрид“ која ја користи само претседателот на Собранието.

Студентската група имаше можност по сите елаборати и нивната студиска посета да достави свои прашања од студиски интерес до претседателот на Собранието на РСМ како и до раководството на собранието, а со тоа се отвори интерактивна дебата меѓу странките.

By